На почетокот на секоја дискусија за тропска нација што се натпреварува во снежни спортови неизбежно се појавува комедијата на Дизни. Филмот Cool Runnings го овековечи напорот на тимот на Јамајка во натпревар со боб санка на Зимската олимпијада во Калгари во 1988. Денеска, алпската скијачка Џезмин Кемпбел го прифаќа поврзувањето со него:
„Се гордеам со фактот што имам каква било врска со нив, иако се неколку острови подалеку.“
Кемпбел е навикната на таква споредба, уште откако решила да се натпреварува на Зимска Олимпијада. Таа била родена на американските Девствени Острови и тоа е знамето што ќе го носи во Сочи.
„Мислам дека тие прават се` што прават таму и другите држави. Единственост на настан како Олимпијадата е навистина добра работа.“
Доколку Дизни направел филм за Кемпбел, тоа најверојатно ќе имало повеќе драма отколку комедија. Дваесет и двегодишната студентка својата задача ја сфаќа навистина сериозно. Има намера да се натпреварува во слалом и велеслалом.
„Тоа е практично 18-часовна работа кога постојано мислам на скијање. Се будам наутро, и гледам видео за скијање. За време на денот имам дупли сесии на тренинг.“
Кемпбел започнала да се натпреварува во скијање откако нејзиното семејство се преселило во американската сојузна држава Ајдахо, од Карибите. Тогаш имала околу 10 години. Не поминало долго време пред да почне да сонува да биде дел од американскиот скијачки тим.
Но тогаш, во средно училиште, повреда ги застранила нејзините амбиции долго време. Сега, Кемпбел ги надминува минимум стандардите за скијање на Олимпијада. Но таа не мисли дека може да се квалификува за тимот на САД. Нејзиниот татко ја охрабрил да оди по негови стапки – Џон Кемпбел скијал во 1992 на Зимската олимпијада за тимот на Девствените острови.
Пред неколку децении, територии како американските Девствени острови, Бермудите и Хонг Конг поднеле успешна петиција до Меѓународниот олимписки комитет за право да формираат тимови одвоено од нивните мајки-држави.
Оваа година, Того, Тонга, Источен Тимор, Малта и Зимбабве ќе го имаат своето деби на Зимските Игри.
Џенис Форсајт раководи со Меѓународниот центар за олимписки студии на Универзитетот на Западно Онтарио. Таа вели дека забележала напор од Меѓународниот олимписки комитет да го рашири интересот за Зимските Игри со вклучување повеќе држави кои се од потоплите краишта. Причината е, вели таа, што колку повеќе држави учествуваат, толку повеќе гледачи ќе има, а тоа значи и поголем приход, значи зад ова стои бизнис интерес.
Таа не е изненадена што некои спортисти гледаат заобиколен начин да влезат на Олимпијадата од тропските држави. Во случајот на Девствените Острови, релоцираниот спортист треба да живее три години на местото каде никогаш нема снег.
Приказната за Кемпбел не е единствена. Многу од другите кои ќе претставуваат тропски држави следниот месец имаат впечатливи приказни.
Јужнопацифичката островска нација Тонга има олимпиец кој е поранешен рагби играч, а сега луж тркач. Тој законски го промени името во Бруно Банани, име на германска компанија за долна облека што е спонзор.
Тајланд ќе биде претставен од алпска скијачка која пораснала во Британија. Таа е подобро позната по нејзината кариера како виолинистката Ванеса-Меи.
Мексико ќе биде претставено во Сочи од германски принц кој бил роден во Мексико. На 55 години Хубертус вон Хоенлое ќе биде вториот најстар спортист што воопшто се натпреварувал на Зимска Олимпијада. Најстариот беше 58-годишниот шведски курлер на Олимпијадата Шамени во 1924.