Линкови за пристапност

Италија спаси илјада мигранти во 24 часа


Спасените се од Африка, Јужна Азија и Блискиот Исток во потрага по подобар живот во Европа.

Италијанската морнарица вели дека спасила во 24-часовен период повеќе од илјада мигранти кои се обиделе да го изведат опасното патување преку Медитеранот на брод, во немирни води и во зимски услови.

Морнарицата вели дека во петокот 832 migrants биле спасени во една операција, додека други 233 биле спасени во друг таков напор.

Италија вели дека спасените главно дошле од Африка, Јужна Азија и Блискиот Исток.

Минатата година, Италија започна со засилени патроли во регионот откако брод полн со мигранти потона близу Лампедуса, при што загинаа 359 people.

Италија е главна порта во Европа за многу мигранти кои бараат подобар живот.

Властите велат дека влошените хуманитарни услови на Рогот на Африка и во Сирија предизвикале наплив на бегалци кои бараат засолниште во Европа.
XS
SM
MD
LG