Доколку до утре состојбата со загаденоста на воздухот не се подобри, ќе бидат преземени порадикални мерки против загадувачите. Ова денеска го најави министерот за животна средина Адбилаќим Адеми, на средбата со претставници од невладините организации код областа на екологијата. Автомобилите и домаќинствата со индивидуално затоплување остануваат најголеми загадувачи, но според министерот Адеми мерките нема да бидат на штета на граѓаните.
„Загаденоста на воздухот е комплексна проблематика, бара повеќе координација, особено од државните институции на локално ниво и централната власт, како и со невладиниот сектор и граѓаните“, рече Адеми, истакнувајќи дека за квалитетот на воздухот свое влијание имаат индустријата, сообраќајот, грејната сезона, метеоролошките и климатските услови.
Наизменично движење на возилата со парни и непарни броеви, целосна забрана на сообраќајот во централното градско подрачје, целосно запирање на градежните работи, забрана за користење калциум магнезиум ацетат во градежништвото, поголема контрола на техничкиот преглед во однос на издувните гасови на јаглероден диоксид и воведување поголеми еколошки такси, се само дел од предлозите на невладините организации за справување со состојбата со згадениот воздух која годинава, ги надмина сите и најпесимистичките очекувања.
И опозицијата од собраниската говорница предложи мерки за справување со алармантната состојба, посебно кога се работи за децата. Побараа зимскиот распуст што вообичаено започнува од нова година, да започне порано, за да се заштити здравјето на учениците.
„Треба да преземеме мерки од Националниот план, бидејќи повеќе од 10 дена градот е загаден. Тоа што таму пишува, тоа да го направи. Не да препорачува, туку да забранува“, рече Јани Макрадули од СДСМ.
На критиките дека Министерството и Владата не преземаат конкретни чекори за решавање на проблемот, министерот Адеми презентираше што е направено на планот на заштита на животната средина.
„Владата на последните три седници донесе конкретни заклучоци и усвои препораки и апелираше до сите граѓани да го дадат својот придонес“, рече Адеми, додавајќи дека меѓу овие мерки се и оние дека за индустријата нема да се пролонгира усогласувањето на оперативните планови по 1 април 2014 година, додека увозот на возилата со еуро 2 стандард е голем напредок во споредба со претходно кога се возеа возила без никакви еколошки стандарди.
Преку кампањата „Јас се возам со автобус“ и политичката партија ДОМ ќе даде свој придонес за подобрување на амбиентниот воздух. На граѓаните следните два дена ќе им делат бесплатни билети за најзагадените зони. Но најголемата помош сепак се очекува од временските прилики. Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека од утре ќе има промени и расчистување ма маглата, која со денови го блокира авиосообраќајот во земјата, предизвикува проблеми во патниот сообраќај и најважно од се, го загрозува здравјето на жителите главниот град.