Линкови за пристапност

Сомалија, Северна Кореја и Авганистан – најкорумпирани држави


Амнести Интернешенал ја рангира Македонија на 67-мо место меѓу 170 држави, со 44 поени

Сомалија, Северна Кореја и Авганистан се најкорумпирани нации во светот, вели Транспаренси Интернешенал, група со седиште во Берлин што ја следи корупцијата во светот.

Организацијата во вторник го објави својот годишен индекс за перцепирано ниво на корупција компилирано од интервјуа со луѓе во 177 држави.

На нивната скала, држава без корупција добива 100 поени, а во 2013-та, Сомалија, Северна Кореја и Авганистан добиле по осум поени.

Контрастно на нив, најмалку корумпирани се Данска и Нов Зеланд со 91 поен, а по нив доаѓаат Финска и Шведска со 89.

Роберт Барингтон, извршен директор на Транспаренси Интернешенал, вели дека најлошо стојат државите во кои има конфликт, зашто таму транспарентноста на владата опаѓа, нема одговорност и институциите на државата почнуваат да пропаѓаат, така што најмногу страдаат граѓаните.

Рангот на државата индицира нејзина позиција во релација со другите држави и територии вклучени во индексот. Македонија е 67-ма, со 44 поени, што е подобро од 2012-ра, кога добила 43 поени.

Црна Гора има поголемо подобрување во однос на претходната година. Од 41 поен скокнала на 44. Кај Босна и Херцеговина нема промени – 42 поени. Во Србија ситуацијата е подобрена, од 39 во 2012-та, сега добила 42 поени. Кај Бугарија последниве две години нема промени, 41 поен, Грција се подобрила од лани, од 36 на 40 поени, а во Косово јавниот сектор уште повеќе се корумпирал, од 34 паднало на 33 поени, рангирајќи се како 111-та држава меѓу 170.
XS
SM
MD
LG