Линкови за пристапност

Разочарувачка празнична потрошувачка


За време на традиционалниот викенд кога почнува празничната шопинг сезона повеќе луѓе имало во продавниците, но тие потрошиле помалку.

Американските трговци видоа повеќе луѓе во продавниците и на нивните страници на Интернет на почетокот на традиционалната сезона за шопинг, но тие во целина потрошиле помалку.

Прелиминарните цифри се важни зашто продавниците се потпираат на продажбата во ноември и декември за поголем дел од нивниот профит.

Американските купувачи по навика одат масовно во продавниците во петок, по патриотскиот, религиозен и семеен празник Ден на благодарноста, што секогаш паѓа во четврток на крајот на ноември.

Поголемиот број купува облека, електроника или играчки за размена на подароци поврзана со Божиќ на 25-ти декември.

На четиридневниот период што започна минатиот четврток, бројот на купувачите нараснал за околу два милиони од минатата година на вкупно 141 милион. Но тие во просек потрошиле помалку од истиот период лани.

Намалувањето дојде и покрај тоа што поголем дел од трговците ја прекршија традицијата и останаа отворени за време на празникот. Ова е прво опаѓање во неколку години на продажбата за време на викендот на празникот.

Економистите и инвеститорите внимателно ја следат малопродажбата зашто побарувачката на потрошувачите движи 70 проценти од американската економска активност.
XS
SM
MD
LG