Линкови за пристапност

Американската влада на работ на затварање


Ако нема договор меѓу двата дома на Конгресот до полноќ, сите освен најкритичните владини служби ќе бидат затворени.

Американскиот Сенат во понеделник попладне се состанува, имајќи само неколку часа да постигне компромис со Претставничкиот дом по законот за трошоци пред рокот да истече, на полноќ, за делумно затворање на американската влада.

Републиканските законодавци инсистираат на мерки што или ја одлагаат или де-финансираат здравствената заштита на која потписот го стави претседателот Обама со цел да обезбеди здравствено покривање на милиони неосигурени Американци.

Лидерот на мнозинството Хари Рид вети дека предлог-законот усвоен во Претставничкиот дом во раните утрински часови во саботата, што одлага клучни делови на актот познат како Обамакеар, нема да биде одобрен.

Мерката ја потенцира длабоката поделба меѓу републиканските и демократските политичари.

Демократите велат дека Обамакеар ќе им даде можност на луѓето со слаби примања и без здравствено осигурување да купат федерално помогната полиса така што ќе се спречи луѓето да бидат финансиски уништени во случај на сериозна болест.

Републиканците велат дека програмата е конфузна и дека не е готова за примена. Тие исто така велат дека законот и` штети на економијата со поставување повеќе даноци и со принудување на малите бизниси да обезбедат покривање за нивните вработени.

Обама кажа дека нема да преговара со републиканците.

Ако нема договор меѓу двата дома на Конгресот до полноќ, сите освен најкритичните владини служби ќе бидат затворени. Повеќе од еден милион владини службеници нема да бидат платени за време на затварањето.
XS
SM
MD
LG