Линкови за пристапност

Централната банка ќе продолжи со стимулативните мерки


На економијата и натаму и` треба помош, затоа што стапката на невработеност е превисока, вели првиот човек на Федералните резерви, Бен Бернанки

Првите луѓе на американската централна банка одлучија да продолжат со напорите за стимулирање на економијата додека се опоравува од најлошата рецесија во изминатите децении.

На денешната прес-конференција во Вашингтон, претседавачот на Федералните резерви Бен Бернанки кажа дека на економијата и натаму и` е потребна помош, затоа што стапката на невработеност е превисока.

Централната банка се обидува да поттикне економски растеж преку програмата за купување на обврзници од 85 милијарди долари месечно. Целта е да се намалат долгорочните каматни стапки, со што компаните полесно би можеле да купуваат нова опрема, а семејствата - нови домови.

Претставниците на Федералните резерви истовремено се обидуваат да го забрзат растежот преку снижување на краткорочните каматни стапки речиси на нула. Бернанки најави дека овие стапки уште некое време ќе останат на рекордно ниско ниво.

Институцијата мора да постигне внимателен баланс на стимулативните мерки. Ако ги скрати пребрзо, најголемата економија во светот повотрно би можела да западне во рецесија. Од друга страна, ако претерано ја стимулира економијата, централната банка ризикува инфлацијата да создаде сериозни проблеми.
XS
SM
MD
LG