Линкови за пристапност

Израел лансира ракета во заедничка вежба со САД


Откако Русија откри присуство на балистички проектил, Израел соопшти дека се работи за тест.

Израел вели дека извел тест на проектил заедно со САД во Медитеранското Море.

Израелското министерство за одбрана ја соопшти заедничката вежба во вторник, кусо време откако руското министерство за одбрана кажа дека открило лансиран „балистички објект“ во регионот.

Израелското министерство вели дека лансирало еден проектил од типот Анкор, што бил контролиран од база во „центарот на Изеаел“.

САД немаа веднаш свој коментар на вежбата што дојде во време на засилени тензии во регионот додека САД разгледуваат можен одговор на наводното користење на хемиско оружје од страна на сириската влада.
XS
SM
MD
LG