Линкови за пристапност

Случајот Сноуден ќе биде дискутиран на американско-рускиот самит


Во Вашингтон се среќаваат американскиот државен секретар и секретарот за одбрана на САД со нивните руски колеги.

Американскиот државен секретар Џон Кери се очекува да побара од Русија да го испорача протекувачот на информации за националната безбедност Едвард Сноуден кога ќе се сретне со рускиот колега во петок.

Кери и секретарот за одбрана Чак Хегел ќе имаат разговори во Вашингтон со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и министерот за одбрана Сергеј Шоигу.

На агендата е дискусија за голем број прашања од важност за двете нации, вклучувајќи ја Сирија, глобалната безбедност и човековите права.

Портпаролката на Стејт департментот Џен Псаки вели дека случајот Сноуден сигурно ќе биде дел од конверзацијата.

Руската одлука да му даде азил на Сноуден, дозволувајќи му да избегне судење, ги разлути САД. Тоа беше едно од неколкуте прашања што доведоа до тоа претседателот Барак Обама да го откаже самитот со претседателот Владимир Путин во Москва што беше планиран за следниот месец.

Но Псаки вели дека се` уште има многу да се дискутира со Русите, вклучувајќи го Авганистан, Северна Кореја, Иран и напорите за организирање на меѓународна мировна конференција за Сирија.
XS
SM
MD
LG