Поскапиот бензин ги кренаа цените во САД за половина процент во јуни, но целокупната инфлација се` уште е под контрола.
Вторничкиот извештај од одделот за труд вели дека надвор од нестабилната област на енергија и храна, целокупните цени пораснале само за 1,6 проценти во текот на последниве 12 месеци.
Тоа е малку под нивото за кое главните американски стручњаци велат дека е најдобро за економијата.
Друг извештај покажува дека американското индустриско производствопораснало за три десетини од процентот во јуни. Тоа значи дека повеќе произведена вредност излегла од фабриките, рудниците и централите отколку претходниот месец.
Овие и многу други студии се анализираат пред американските Федерални резерви да им дадат на членовите на Конгресот полугодишна оценка за најголемата светска економија во среда и во четврток.