Поранешниот договорен соработник на американското разузнување, Едвард Сноуден, бара привремен азил во Русија додека не биде во состојба да патува во Јужна Америка, и Кремљ индицираше дека може да му дозволи да остане во земјата доколку престане да протекува детали за тајните американски шпионски програми.
Триесетгодишниот Сноуден во петок се сретна со активисти за човекови права и руски правници на московскиот аеродром. Подоцна, групата што открива тајни, Викиликс, објави изјава на Сноуден во која тој вели дека сакал да остане во Русија додека да може безбедно да патува во Јужна Америка.
Три лефтистички тамошни влади, Венецуела, Боливија и Никарагва му понудиле азил, но тој не може да патува зашто американскиот пасош му бил отповикан од САД.
Во Вашингтон, откако Сноуден го соопшти обидот за добивање азил, Белата куќа кажа дека се` уште има „апсолутна оправданост“ за Русија да го протера Сноуден во САД. Претседателот Барак Обама треба да разговара со рускиот претседател Владимир Путин подоцна во петок, по телефон.
По објавување на деталите од неговата средба на аеродромот, Кремљ повтори дека Сноуден може да остане во Русија доколку престане со изнесување тајни.