Линкови за пристапност

Активистички извори: најмалку 42 сириски војника загинале во израелскиот напад


Оштетени објекти во воздушниот напад на 5-ти мај, на фотографијата што ја објави сириската новинска агенција САНА
Оштетени објекти во воздушниот напад на 5-ти мај, на фотографијата што ја објави сириската новинска агенција САНА

Анонимни разузнавачки извори на Блискиот Исток наведуваат дека мета биле теледиригираните проектили Фатах-110, што наводно требало да завршат кај Хезболах.

Најмалку 42 сириски војника загинале во вчерашниот израелски воздушен напад врз голем армиски комплекс во близина на Дамаск, јави активистичката организација Сириска опсерваторија за човекови права, чие седиште е во Британија.

Бројката се базира на информации од извори во сириските армиски болници, наведува организацијата.

Сириската влада се` уште го нема објавено бројот на жртви. Веднаш по нападот извршен в зори, сириските државни медиуми соопштија дека во нападот има загинати, но не дадоа детали.

Според анонимни разузнавачки извори на Блискиот Исток, мета на израелскиот напад биле мошне прецизните, теледиригирани проектили Фатах-110, испратени од Иран, а чувани во складиште на Меѓународниот аеродром во Дамаск. Наводно, тие требало да завршат во рацете на милитантната група Хезболах, чие седиште е во Либан, за напади против Израел.

Израелскиот парламентарец Цачи Ханегби, кој е близок на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, не потврди дека зад нападите стои Израел, но денес изјави дека доколку Израел дејствувал, тоа било насочено против Хезболах, а не Сирија.
XS
SM
MD
LG