Линкови за пристапност

Посветена библиотеката на Буш


Пет живи претседатели се собраа во четврток во Далас за отварањето на Претседателската библиотека и музеј - Џорџ В. Буш.

Поранешниот претседател Џорџ В. Буш кажа дека секој претседател во демократија мора да служи на кауза поголема од него самиот.

Најновиот претседателски музеј во САД дава пресек на осумте турбулентни години на претседателот на функцијата.

Буш беше 43-от претседател на САД, служејќи од 2001-ва до 2009-та. За време на неговите мандати терористи ја нападнаа државата на 11-ти септември 2001-ва убивајќи близу 3.000 лица. Под негова палка, САД започнаа војни во Авганистан и Ирак, во тоа време се случи катастрофалниот ураган Катрина во 2005-та и најголемиот економски пад од 1930-та.

Претседателот Барак Обама, поранешниот претседател Бил Клинтон и Џими Картер ја фалеа неговата работа во Африка, од вршење притисок кон мировен договор во Судан до борбата против СИДА и маларија. И поранешниот претседател Џорџ Х. В. Буш се заблагодари на публиката за шансата да присуствува на посветувањето во чест на неговиот најстар син.
XS
SM
MD
LG