Линкови за пристапност

Хегел ветува силна врска со Израел


Американскиот секретар за одбрана Чак Хегел вели дека сојузниците треба да останат „поблиски од секогаш“ додека предизвиците на Блискиот исток стануваат покомплицирани.

Хегел ова го кажа во вторник кога се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјахуна последниот ден од неговата посета на Израел.

Хегел кажа дека со заедничка работа двете земји може да го направат Блискиот исток подобар и побезбеден во „тешко и опасно време“.

Нетанјаху кажа дека Израел ја цени армиската и безбедносната поддршка од САД, и дека Израел „не може да прифати“ наоружување на терористички групи од Иран, ниту пак, како што рече „потрагата на таа земја за нуклеарно оружје.
XS
SM
MD
LG