Американските претставници за спроведување на законот велат дека писмата испратени до претседателот Барак Обама и до американски сенатор кои иницијално покажаа дека содржат отров рицин, се поврзани, и двете имаат поштенски печат од Мемфис, Тенеси.
ФБИ вели дека во двете имало иста порака, „Да се види зло и да не се извади на виделина, е да се стане тивок партнер во неговото продолжување“. Двете биле потпишани со „Јас сум КЦ и ја одобрувам оваа порака“, што е слично на реченицата употребувана од кандидатите на крајот на политички реклами.
Сенаторката Клер Мекаскил кажа дека полицијата се сомнева на лице кое пишува многу писма до членови на Конгресот. Таа коментираше во вторник по брифингот од спроведувачите на законот за бостонскиот бомбашки напад. Властите одбија да коментираат за можен осомничен.
ФБИ исто така вели дека нема доказ за поврзаност со бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон.