Ерван Фуере, поранешниот амбасадор на ЕУ во Македонија, направи анализа за проширувањето на Унијата, со фокус на Македонија. Опсервациите на Фуере се наменети за Центарот за европски политички студии од Брисел. Тој се осврнува на актуелните случувања во Македонија, како и нејзината перспектива во процесот на европските интеграции.
„Најновите случувања, како и неподготвеноста на владата да промовира дух на компромис, доведоа до натамошна ерозија на основните демократски вредности и стандарди во земјата, како и продлабочување на недовербата во веќе длабоко поделеното општество“, наведува Фуере.
Тој го анализира развојот на политичката ситуација во контекст на инцидентите од 24-ти декември минатата година, кои, според него, се само кулминација на подолгорочното отсуство на политички дијалог во општеството.
„Присилното исфрлање не само на сите новинари, но исто така и на опозиционите пратеници од парламентарното собрание на 24-ти декември, беше трагичен потсетник за континуираниот неуспех на владата предводена од (Никола, н.з.) Груевски, да се вклучи во секаков значаен политички дијалог во текот на изминатите години“, смета поранепниот пратеник на ЕУ во Македонија.
Според Фуере, еден од позначајните проблеми кои ја оневозможуваат демократизацијата и развојот е состојбата во сферата на слободата на медиумите. Повикувајќи се на заклучоците на меѓународните организации, тој вели: „Пораките од ЕУ секогаш се искривени од страна на владино контролираните медиуми, додека некои од независните новинари кои не го претрпуваат тоа, се предмет на континуирано заплашување и малтретирање. Ова, само по себе, е шокантно обвинение за сегашната влада во Македонија“.
Тој се осврнува и на договорот за надминување на политичката криза, постигнат во март, а со посредство на комесарот Штефан Филе и европратеникот Ричард Ховит.
Фуере наведува дека со оглед на севкупните состојби, не е оптимист дека договорот ќе доведе до стабилизација на политичката сцена на подолг рок.
„Договорот беше постигнат по многу часови и долги дискусии, а понуди привремено премирје. Обезбедува прекин на бојкотот од опозицијата и учество на локалните избори во замена за ветување од владата за започнување разговори со опозицијата по локалните избори, со цел - одредување датум за одржување предвремени парламентарни избори. Второво беше едно од главните опозициски барања (последните избори се одржаа во 2011-та година). Постигнатиот договор, исто така, предвидува дебата за состојбата на демократијата во земјата, како и поставување на комисија за истрага на настаните од 24-ти декември. Минатото искуство, сепак, би укажало на тоа дека по изминувањето на локалните избори, ќе биде потребно многу малку за неуспех на овој несигурен компромис”, мисли Фуере.
Тој им сугерира на европските институции да обрнат поголемо внимание на реформските процеси кои, според него, се ставени во сенка на спорот со името.
„Иронично, спорот за името со Грција е тоа што најмногу го привлече вниманието во дебатата за пристапот на Македонија кон ЕУ, што обезбедува пригодно жртвено јагне за сегашната влада во пренасочувањето на вниманието од сериозната внатрешно-политичка ситуација и недостатокот на подготвеност да се ангажира во каков и да е политички дијалог“, наведува Фуере, кој на крајот на опсежната анализа, како излез и спас од актуелната ситуација, предлага почеток на преговори за членство.
„Веројатно единствениот начин да се задржат европските аспирации на земјата на вистинскиот пат и да се спречи тонење во понатамошна политичка нестабилност ќе биде почетокот на преговорите без одлагање. Ефикасната природа на процесот на пристапување ќе обезбеди подобра контрола врз лошото однесување на владата, поконзистентни перформанси во исполнувањето на критериумите за пристапување, и поефективен начин на сигнализација на владата дека нејзината длабоко вкоренета националистичка агенда е неспојлива со своите аспирации кон ЕУ, а камоли исполнување на аспирациите на нејзините граѓани за постабилна иднина“, заклучува поранешниот амбасадор на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере.

Најновите случувања, како и неподготвеноста на владата да промовира дух на компромис, доведоа до натамошна ерозија на основните демократски вредности и стандарди во земјата.Ерван Фуере, поранешен амбасадор на ЕУ во Македонија
Тој го анализира развојот на политичката ситуација во контекст на инцидентите од 24-ти декември минатата година, кои, според него, се само кулминација на подолгорочното отсуство на политички дијалог во општеството.
„Присилното исфрлање не само на сите новинари, но исто така и на опозиционите пратеници од парламентарното собрание на 24-ти декември, беше трагичен потсетник за континуираниот неуспех на владата предводена од (Никола, н.з.) Груевски, да се вклучи во секаков значаен политички дијалог во текот на изминатите години“, смета поранепниот пратеник на ЕУ во Македонија.
Веројатно единствениот начин да се задржат европските аспирации на земјата на вистинскиот пат и да се спречи тонење во понатамошна политичка нестабилност ќе биде почетокот на преговорите без одлагање. Ефикасната природа на процесот на пристапување ќе обезбеди подобра контрола врз лошото однесување на владата, поконзистентни перформанси во исполнувањето на критериумите за пристапување, и поефективен начин на сигнализација на владата дека нејзината длабоко вкоренета националистичка агенда е неспојлива со своите аспирации кон ЕУ, а камоли исполнување на аспирациите на нејзините граѓани за постабилна иднина.Ерван Фуере, поранешен амбасадор на ЕУ во Македонија