Агенцијата на ОН за храна и земјоделие, ФАО, сака да слушне од самите луѓе, а не само да проучува различни податоци, студии и извештаи.
Карло Кафиеро од агенцијата вели дека сегашниот систем на мерење на резервите на храна и гладта, иако е важен, е предмет на големи одложувања.
„Од моментот во кој податоците се собрани, до моментот кога се потврдени, процесирани и испратени до нас, може да минат две до три години. И ова е само кога имаме актуелна информација, што не е секогаш случај. Истражувања на конзумација не се прават секоја година, дури и во развиените земји“, вели Кафиеро.
Истражување на конзумацијата всушност се изведуваат секои пет години.
Кафиеро вели дека не може да се опипа пулсот на моменталната ситуација, што станало многу очигледно за време на кризата заради високите цени на храната.
Во 2007-ма многумина предвидуваа глобална економска рецесија и цените на храната почнаа да растат. Кафиеро вели дека тоа довело до, како што го нарекува, многу песимистичко сценарио за конзумацијата на храната.
Само неколку години подоцна, откривме, на пример, дека Кина и Индија и многу други земји во развој не го забавиле економскиот развој. Песимистичкото сценарио не се материјализаше во секоја земја. И тоа е каде моделот базиран на предвидувања се покажа погрешен.
Новиот проект познат како „Фласови на гладта“ се опишува како брз и прецизен. Ќе користи истражувања од поединци да се собере дата за обемот и изразеноста на гладта. Истражувањата ќе се одвиваат секоја година во соработка со гигантот за истражувања – Галуп.
Проектот ќе биде тестиран наредниве месеци во Ангола, Етиопија, Малави и Нигер.
Истажувањето ќе биде прашање на поединци за нивното искуство последниве 12 месеци, како на пример колку биле загрижени дека нема да имаат доволно храна. Или, дали прескокнуваат оброци или цел ден немаат што да јадат. Вкупно осум прашања.
Статистичарот на ФАО вели дека истражувањето не е субјективно и дека информацијата ќе биде евалуирана од експерти. Потребни се само 3 месеци од моментот кога е направено до моментот кога официјалните лица ќе ги добијат податоците.
Со време ваквиот начин на истражување во оваа чувствителна сфера ќе се прошири на 160 илјади анкетирани во 150 држави. Петгодишниот проект ќе води кон нов стандард за ФАО за безбедноста на храната.