„Голема трагедија е и навистина се направени големи штети, а луѓето се во очајна состојба. Јас целосно ги разбирам и секој на нивно место би бил во очајна состојба, кога во пет минути ќе ви се уништи се` што сте создавале, штеделе и за што сте живееле и сте се бореле со години“, изјави денес, премиерот Никола Груевски, кој со министрите за транспорт и врски и за труд и социјална политика, Миле Јанакиески и Спиро Ристевски, ги посети поплавените подрачја во штипскиот и светиниколскиот крај.
„Секогаш кога има катастрофални ситуации со пожари и поплави и други крупни незгоди, излегувам за да разговарам со луѓето. Едно е да се седи во канцеларија, да ти даваат извештаи и да ги читаш или да гледаш телевизија, а друго е да влезеш тука во калта и одблиску да ја почувствуваш маката на луѓето, да поразговараш со нив и со свои очи да ги видиш загубите што тие ги претрпеле“, рече премиерот Груевски кој потенцираше дека и со хеликоптер се дистрибуира храна и вода за отсечените од поплавите и дека Владата ќе направи се` што е во нејзина моќ, да им помогне на луѓето зафатени од стихијата
„ Има објекти каде има штети од 20.000, 30.000, па до 100.000 евра. Во овој момент, мора да бидеме објективни пред граѓаните и да не даваме лажна надеж“, изјави денес кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски, според кого првичната проценка на материјалните штети во тоа подрачје е над пет милиони евра.
И додека медиумите перманентно известуваат за човечките трагедии и за загубите на семејствата, водата полека се повлекува, во повеќето критични региони состојбите се смируваат, а на локалните власти им помага и Армијата, која активно се вклучи во отстранувањето на последиците од поплавите во светиниколско и во струмичко, каде според медиумските извештаи, водената стихија речиси го уништила земјоделското производство.
Нивото на браната Слатино е намалено за 20 сантиметри, откако екипи на Дирекцијата за заштита и спасување отвориле четири отвори на бетонската преливница на испусниот канал, а на жителите на отсеченото село Злеово, им била испратена нова пратка помош во храна, вода и лекови за жителите.
Според министерот за земјоделство, Љупчо Димовски, „се` уште е рано да се каже колкав дел од земјоделските површини уништија поплавите што ја зафатија Македонија. Немаме податоци за штетите, многу е краток периодот. Некои површини уште се под вода и треба да се ’исцедат‘, по што ќе се прави проценка“.
Едно е да се седи во канцеларија...а друго е да излезеш тука, во калта, и одблиску да ја почувствуваш маката на луѓето.Никола Груевски