Група американски законодавци претставија предлог-закон за забрана на полуавтоматско оружје, што е голема компонента на предлогот на администрацијата на Обама за контрола на оружјето.
Демократската сенаторка Даен Фајнстаин вели дека актот е со намера да помогне да се стави крај на масовни убиства кои оставиле ужалени неброени семејства и кои тероризирале цели заедници.
Со законот би се забранило производство, увезување, и продажба на повеќе од 150 видови вакво оружје, како и компоненти кои можат да претворат помалку моќно оружје во полуавтоматско. Тој исто така би го ограничил капацитетот на шаржерот на 10 рунди на муниција.
Фајнстаин кажа дека полуавтоматско оружје нема легитимна цивилна употреба и дека остава жртви како минатомесечното пукање во училиште во Њутаун, Конетикат.
Се очекува противниците на ваквата легислатива да го оспорат предлогот, а Националната асоцијација за оружје ветува голема легислативна битка.