Линкови за пристапност

„Трето полувреме“ во Палм Спрингс


Северноамериканска премиера на „Трето полувреме“ во Палм Спрингс
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:50 0:00

Северноамериканска премиера на македонскиот кандидат за Оскар.

На реномираниот меѓународен филмски фестивал во Калифорнија започна животот на „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, неговата премиера во кино-салите во Северна Америка.

Филмот е еден 200-те застапени на 24-тото издание на фестивалот, што доаѓаат од 60 држави и ќе доживеат пеку 400 проекции. Повеќето од нив се наоѓаат на пошироката листа на кандидати за Оскар за филм од неанглиско говорно подрајче.

Интригантна љубовна приказна во холивудски манир - филмот е толку женски за забранетата љубов на фудбалерот-Македонец и Еврејка, колку и машки, па кога го гледате, навивате како од трибина за фудбалерите на „Македонија“, коментира критичар од магазинот Варајети за македонскиот кандидат за Оскар, што има неколку проекции во различни денови на меѓународната смотра во Палм Спрингс.

Фестивалот во мотото порачува дека тежнее кон свет во кој просветеноста, знаењето и толерантноста победуваат. Како што велат организаторите, филмот е уметничка форма која има моќ да ги премости културните разлики и да ја осветли универзалноста на човековото егзистирање.

Претходни остварувања што се закитија со Оскари, а кои токму од овој фестивал во Палм Спрингс го почнаа походот за освојување на публиката по светот, се „Говорот на кралот“, „Црниот лебед“, „127 часа“, „Железната леди“... Фестивалот важи за атрактивна локација за промоција и продажба на новите филмски остварувања и нивна понатамошна дистрибуција спроти одржувањето на годинешното доделување на Оскарите во февруари.

Гала-настанот првата вечер од отварањето лани го проследиле 1.400 новинари, а годинава се очекува исто, ако не и побројно присуство на Седмата сила. Тука се одржуваат и семинари филмски работилници на кои се остваруваат контакти за идни проекти.

Благодарение на успешното градење на репутацијата на настан од висок квалитет, на црвениот килим на ваква смотра редовни гости се ѕвезди како Џорџ Клуни, Бред Пит, Даниел Дел Луис и Мишел Вилијамс.
XS
SM
MD
LG