Линкови за пристапност

Среде загриженоста на ОН, продолжува гранатирањето во Сирија


Бан Ки-мун побара владата „да покаже сочувство спрема својот народ“ .

Сириските активисти јавуваат за продолжително гранатирање од страна на владините сили, еден ден откако Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун изрази загриженост за воздушните и артилериски напади.

Активистите додаваат дека при гранатирањето во предградието на Дамаск, Дума, загинале две лица, а владините сили нападнале и други упоришта надвор од главниот град.

Портпарол на ОН изјави дека Бан Ки-мун преку сирискиот министер за надворешни работи Валид ал-Мулем ја повикал владата да покаже „сочуствителност за сопствениот народ“.

За време на обраќањето пред Генералното собрание на ОН, Муалем ги обвини САД, Франција, Катар, Саудиска Арабија и Турција дека го поддржуваат „тероризмот“ во Сирија преку обезбедување оружје и пари за бунтовниците. Министерот Муалем, воедно, повиците претседателот Башар ал-Асад да поднесе оставка на функцијата ги нарече „бесрамно мешање во сириската внатрешна политика“.

Сириската државна новинска агенција Сана во вторник јави дека припадници на армијата убиле група терористи и уништиле „фабрики со експлозиви“ во Алепо.
XS
SM
MD
LG