Предлог законот за правата на бранителите од конфликтот во 2001 година во Собранието предизвика политички тензии кои ја продлабочуваат политичката криза како и проблемите во односите меѓу коалиционите партнери во Владата. Во изминативе денови пратениците од различните политички опции ги искажаа своите спротивставни мислења околу прелог законот.
Во врска со оваа дебата Гласот на Америка на македонски јазик побара мислење од учесниците во конфиктот во 2001 година - претседателот на поранешните припадници на вооружените сили, генералот Стојанче Ангелов, и претседателот на Здружението на ветераните на ОНА од Липковкиот регион, Абедин Зимбери.
„Се работи за речиси ист закон како постоечкиот донесен во 2002 година со некои козметички разлики. Овој предлог закон не нуди ниту едно достоинствено решение за проблемите на полициските и армиските ветерани. Единствено нешто што ќе се постигне со него е влошување и вжештување на меѓуетничките односи”, ни рече Стојанче Ангелов од „Достоинство“.
Мислењето дека предлог законот ќе ја продлабочи кризата со Ангелов го дели и Абедин Зимбери од Здружението на ветераните на ОНА.
„Сите заедно партиципираме во буџетот на државата, а се носи закон само за Македонците. Тоа отвара нови проблеми во државата. Тоа се прави во момент токму кога Македонија е во длабока полтичка криза. Ова според мене е намерно копање по раната. Овој закон, ако не биде за сите жртви од конфликтот, проблемот нема да го реши, туку напротив ќе доведе до нова криза”, вели Абедин Зимбери во изјавата за Гласлот на Америка на македонски јазик.
Поранешните припадници на ОНА, исто како и етнички албанските политички партии, бараат доколку се носи ваков закон тој ги опфати и поранешните припадници на ОНА.
„Ние не бараме бенефиции за оние кои се здрави и прави. Не сакаме да добиваат пари без работа. Ние бараме државата да им помогне само на семејствата чиј најблиски загинале во војната, или пак на оние кои останаа инвалиди. Оние кои се здрави и живи ,како што стои во Рамковиот договор, треба да се ресоцијализираат. Со исполнување на овие барања ќе се затворат сите дилеми и проблеми. Луѓето на кои треба да им се помогне од поранешните припадници на ОНА се некаде 105 борци, 35 цивили и 30 инвалиди.Тоа не е ништо страшно за буџетот на Македонија ако се земе предвид колку Албанците партиципираат во него. Истото треба да важи и за бранителите од македонска страна“, ни рече Зимбери.
Спротивни на него генералот Стојанче Ангелов не мисли дека поранешните припадници на ОНА заслужуваат да добијат средства од буџетот на државата.
“Ние немаме ништо против ветераните од УЧК да се стекнат со одредени права, но тие права нека ги бараат од оние за кои се бореле, а тоа се идеолозите и креаторите на ’Голема Албанија’ и нивниот воен командант Али Ахмети“, вели Ангелов за Гласот на Америка.
Расправата околу предлог законот ја наметна во јавноста дилемата околу помирувањето како предузлов за обезбедување на траен мир.Ги прашавме нашите соговорници што мислат што би требало да се направи за да се обезбеди неопхондото помирување.
“За време на конфликтото паднаа жртви од двете страни. Сите имаат родители, жени, деца, болката за секого е иста. Со овој закон на една мајка и` се признава болката а на другата и` се отежнува затоа што нема услови за живот. Се прашувам, сираче на паднат борец на ОНА кога ќе порасне, што ке мисли? Што ќе биде причината тој да биде лојален граѓанин на оваа држава?!” вели Зимбери.
Ангелов пак од своја страна смета дека за да се обезбеди помирувањето и за да се смираат меѓуетничките тензии потребно е да се отстранат корените на тој, според Ангелов, стар проблем.
„Тоа е одамна завршена работа. Во борбите во 2001 година ние пукавме во сите оние кои носеа непријателска униформа на УЧК, а и тие пукаа на нас. Немаше ништо лично во тоа. Меѓуетничката нетрпеливост е на повисоко ниво, не само помеѓу оние кои се гледаа преку нишан, туку генерално помеѓу македонскиот и албанскиот народ, а влече корења многу одамна“, ни изјави Стојанче Ангелов.