Линкови за пристапност

САД: Сирија мора да го заштити хемиското оружје


Портпаролката на Стејт департментот вели дека САД неколку пати ја предупредиле Сирија дека има обврска да го заштити ова оружје.

САД велат дека меѓународната заедница ќе ги смета за одговорни сириските претставници ако не успеат да ги заштитат нивните резерви на хемиско оружје.

Портпаролката на Стејт департментот Викторија Нуланд ова го кажа откако проминентен американски весник извести дека Сирија започнала преместување на дел од арсеналот на хемиско оружје од објектите каде било чувано.

Вол Стрит Џурнал цитира американски официјални лица кои рекле дека Сирија може да го употреби ова оружје против бунтовници или цивили.

Сирија се верува дека има резерви на сарин - нервен гас, мастард гас и цијанид.
XS
SM
MD
LG