Линкови за пристапност

Мајкрософт влезе на пазарот на табла-компјутери


Сурфејс табла-компјутерот се очекува да биде во продажба оваа есен.

Мајкрософт го претстави својот прв табла-компјутер како конкуренција на популарниот Ајпед на Епл.

Американскиот технолошки гигант го претстави својот Сурфејс табла-компјутер во понеделникот, во Лос Анџелес. Новата направа ќе оперира на Виндоус РТ систем, и може да биде прикачен на тастатура со допир.

Мајкрософт не даде точен датум кога Сурфејс официјално ќе биде пуштен во продажба, но се очекува да биде на пазарот симултано со новиот оперативен систем Виндоус 8, во септември или октомври.

Табла-Сурфејс сигнализира нов курс за софтверскиот гигант Мајкрософт, додека директно се натпреварува со конкурентната компанија Епл за споделување на пазарот за хардвер табла-компјутер. Мајкрософт воглавно беше концентриран на маркетинг на својот доминантен оперативен систем преку производители на компјутерски хардвер како Дел и Хјулит-Пакард.
Мајкрософт влезе на пазарот на табла-компјутери
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:22 0:00


Претходните понуди на хардвер продукти на Мајкрософт се покажаа како скапи грешки – музичкиот плеер Зун пропадна во конкуренција со популарниот Ајпод на Епл, додека умниот телефон Кин беше повлечен од пазарот речиси веднаш откако беше претставен во 2010.

Еден од големите успеси на Мајкрософт меѓу хардвер производите е Ексбокс, за видео игри, кој почна да прави пари за компанијата по неколку години на пазарот.
XS
SM
MD
LG