Мит Ромни се очекува да ја обезбеди претседателската номинација од редовите на Републиканската партија, по синоќешните избори во Тексас.
Тексас има 150 делегати, што е многу повеќе од потребните 1.144-ца кои се потребни за Мит Ромни да ја добие номинацијата. Со оваа победа, се очекува да заврши и долгата и изненадувачки тешката кампања за Ромни, кој се соочи со големи предизвици од ривалите како Њут Гингрич и Рик Санторум.
Во суштина Ромни ја обезбеди номинација уште во април, кога Санторум се повлече од трката. Според најновите анкети, тој има идентична поддршка со американскиот претседател Барак Обама.