Линкови за пристапност

Орав заминува од функцијата, но не и од Македонија


Мандатот официјално треба да му заврши во септември, но тој ќе остане поврзан со државата преку Директоратот за Западен Балкан

Евроамбасадорот Аиво Орав, по истекот на мандатот, ќе продолжи да работи за Македонија како директор во Директоратот за Западен Балкан.

Канцеларијата на Европската унија во Скопје, за Гласот на Америка, потврди дека мандатот на евроамбасадорот официјално завршува во септември.

„Мандатот официјално треба да му заврши во септември, но тој ќе остане поврзан со државата преку Директоратот за Западен Балкан. Но, за апликации за тоа кој ќе дојде на негово место се уште е рано да се зборува“, изјавија од прес службата на Мисијата на ЕУ во Скопје.

Аиво Орав е гарант на договорот меѓу четирите политички партии од 2 јуни и на протоколот од 15 јули, покрај амбасадорот на САД Џес Бејли.

Тој, заедно со амбасадорите и на другите земји-членки на Европската унија во Скопје, директно посредуваше во разрешување на политичката криза во земјата од почетокот на 2015 година.

XS
SM
MD
LG