Линкови за пристапност

Јужнокорејецот кој бил приведен во Русија поради шпионирање бил мисионер, јавуваат медиумите


Јужнокорејски државјанин уапсен во Русија под сомнение за шпионажа бил мисионер кој ги поддржувал севернокорејските работници со седиште на далечниот исток на Русија, објавија во вторникот јужнокорејските медиуми.

Човекот, именуван како Баек Вон-Сун, бил префрлен од Владивосток во Москва и е обвинет за предавање доверливи информации на странски разузнавачки агенции, објави руската државна новинска агенција Тас.

Баек (53) беше опишан како „длабоко религиозна“ личност, кој бил регистриран како основач на туристичка компанија со седиште во Владивосток, според Тас.

Ова е прв пат Јужнокореец да биде приведен во Русија поради наводна шпионажа, рече Тас.

Јужнокорејската телевизиска мрежа JTBC соопшти дека Баек отпатувал во Владивосток од Кина на почетокот на оваа година за да изврши мисионерска работа за севернокорејските работници во Русија, повикувајќи се на неидентификуван познаник.

Тој, исто така, беше вклучен во помагањето на севернокорејците да пребегаат, цитираше неименуван извор новинската агенција Јонхап.

Јужнокорејското Министерство за надворешни работи соопшти дека нивниот конзулат обезбедил помош откако дознале за апсењето. Одби да даде повеќе детали бидејќи предметот во моментов е под истрага.

Јужнокорејската влада комуницира со Русија за безбедно враќање на нејзините државјани, изјави за новинарите портпаролот на Министерството за надворешни работи.

Официјални лица на САД и Јужна Кореја изразија загриженост дека Русија прифатила нови групи севернокорејски работници, пркосејќи на резолуцијата на ОН, во услови на процут на врските меѓу Москва и Пјонгјанг.

Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН од 2017 година бараше земјите да ги протераат севернокорејските работници до 2019 година, со образложение дека нивниот труд бил искористен за да заработат девизи за забранетите програми за нуклеарни и балистички ракети на Северна Кореја. Но, наводно, илјадници остануваат во Кина и Русија.

Севернокорејските градежни работници и дрвосечачи сè уште остануваат во Русија, со студентски или туристички визи таму, се вели во извештајот на јужнокорејската влада минатата година.

Врските меѓу Русија и Јужна Кореја се повеќе се заоструваат поради растечките односи на Москва со Северна Кореја поради обвинувањата дека Пјонгјанг испорачувал муниција за војната во Украина.

Јужна Кореја, сојузник на САД, ја осуди руската инвазија и достави економска и хуманитарна помош за Киев, но досега не испраќаше оружје.

Од војната во Украина, Јужна Кореја има специјален совет за патување со кој ги повикува своите граѓани да не патуваат во Русија.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG