Линкови за пристапност

Јужнокорејците стануваат официјално помлади – се менува пресметувањето на возраста


Според традиционалниот метод кој досега се користеше во Јужна Кореја луѓето се сметаат за една година повозрасни.
Според традиционалниот метод кој досега се користеше во Јужна Кореја луѓето се сметаат за една година повозрасни.

Јужна Кореја го менува начинот на кој ќе се пресметува возраста на луѓето.

Законот стапува на сила денеска, а во Јужна Кореја ќе се користи меѓународниот метод за возраста на луѓето, според кој возраста се одредува по вистинскиот датум на раѓање датумот на раѓање на една личност.

Инаку, традиционалниот метод кој досега се користеше во Јужна Кореја, луѓето таму се сметаат за една година повозрасни. Причина за ова е важењето на месеците поминати во утроба како помината една година, а на секој 1 јануари без разлика на нивниот датум на раѓање тие добиваа една година плус.

Со новото законско решение сега сите Јужнокорејци официјално стануваат една или две години помлади.

Сепак, посебниот метод на Јужна Кореја за пресметување на возраста со додавање на една година на секој 1 јануари, ќе остане во сила. Овој метод ќе се користи за задолжителната воена служба, образованието и во однос на законската возраст за консумирање алкохол.

Дел од инфомациите се од Ројтерс и агенцијата Франс прес.

XS
SM
MD
LG