Американската секретарка за финансии Џенет Јелен пристигна во Пекинг за да се сретне со кинеските официјални претставници како дел од напорите за решавање на заладените односи меѓу двете земји.
Претставници на Одделот за финансии пред патувањето изјавија дека Јелен ќе разговара за стабилизирање на глобалната економија, како и за оспорување на поддршката на Кина за Русија за време на руската инвазија на Украина. Не се очекува Јелен да се сретне со кинескиот претседател Шји Џинпинг.
Нејзината посета, која треба да трае до недела, следи по патувањето на американскиот државен секретар Антони Блинкен во Пекинг минатиот месец.
Јелен претходно оваа недела се состана со кинескиот амбасадор во Соединетите Американски Држави, Ксие Фенг, за што Одделот за финансии рече дека Јелен „покрена прашања од загриженост, а истовремено ја пренесе важноста на двете најголеми економии да работат заедно на глобалните предизвици, вклучително и на макроекономските и финансиските прашања“.
Кинеските државни медиуми соопштија дека Шји изразил надеж дека двете земји ќе го елиминираат мешањето и ќе го зајакнат дијалогот.
Некои информации за оваа содржина дојдоа од Асошиетед прес, агенцијата Франс-прес и Ројтерс