Линкови за пристапност

Јелен: САД и помагаат на Индија да ја забрза својата енергетска транзиција


Јелен се сретна со индиската министерка за финансии на маргините на Г-20
Јелен се сретна со индиската министерка за финансии на маргините на Г-20

Американската секретарка за финансии Џенет Јелен во понеделникот изјави дека САД соработуваат со Индија за да помогнат да се забрза транзицијата на Индија кон обновлива енергија.

Јелен се сретна со индиската министерка за финансии Нирмала Ситараман на маргините на состанокот на Г-20 во Индија.

„Со нетрпение очекуваме да работиме со Индија на инвестициска платформа за да обезбедиме пониски трошоци за капитал и зголемени приватни инвестиции за да се забрза енергетската транзиција на Индија“, рече Јелен.

Тековната посета на Јелен на Индија доаѓа по неодамнешната државна посета на индискиот премиер Нарендра Моди на Вашингтон. Последната посета на Јелен на Индија е нејзино трето патување таму во последните девет месеци, што е показател за растечките врски меѓу двете земји.

Некои информации за овој извештај дојдоа од Асошиетед прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG