Линкови за пристапност

Јелен ќе биде домаќин на кинескиот вицепремиер за разговори во Сан Франциско пред почетокот на самитот на АПЕК


Секретарката за финансии на САД Џенет Јелен е домаќин на кинескиот вицепремиер Хе Лифенг на дводневни разговори оваа недела.

Средбата е закажана за четврток и петок во Сан Франциско пред самитот на Азиско-пацифичката економска соработка и е последен во серијата разговори на високо ниво меѓу американските и кинеските претставници, чија цел е да се намалат тензиите меѓу двете економски сили.

Се очекува Јелен да го повика Хе за соработка за климатските промени и другите глобални предизвици и да не дозволи остри несогласувања за трговијата и другите надразнувачи да ги попречат односите.

Соопштението на Одделот за финансии во понеделникот за разговорите доаѓа додека претседателите Џо Бајден и Шји Џинпинг се очекува да се сретнат следната недела на маргините на самитот на АПЕК.

Извор: Асошиетед прес

XS
SM
MD
LG