Линкови за пристапност

Јавниот обвинител на САД ќе оди на операција, соопшти Одделот за правда


Веста доаѓа откако секретарот за одбрана Лојд Остин се врати на работа во Пентагон по хоспитализацијата поврзана со рак на простата, која беше критикувана дека се чува во тајност со денови
Веста доаѓа откако секретарот за одбрана Лојд Остин се врати на работа во Пентагон по хоспитализацијата поврзана со рак на простата, која беше критикувана дека се чува во тајност со денови

Јавниот обвинител на САД Мерик Гарланд ќе има операција на грбот овој викенд и ќе ги делегира своите должности на заменик-јавниот обвинител.

Веста доаѓа откако секретарот за одбрана Лојд Остин се врати на работа во Пентагон по хоспитализацијата поврзана со рак на простата, која беше критикувана дека се чува во тајност со денови.

71-годишниот Гарланд ќе биде под општа анестезија за време на операцијата на грбот в сабота, која ќе трае околу 90 минути.

Одделот за правда вели дека се очекува тој да се врати дома истиот ден.

Заменик-јавниот обвинител ќе ги преземе своите должности непосредно пред операцијата и ќе продолжи кратко време по нејзиното завршување.

XS
SM
MD
LG