Линкови за пристапност

Украина ги повика ОН околу руските планови за нуклеарно распоредување


Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика Украинците да ги поддржат одбранбените напори на земјата, велејќи: „Не може човек да биде ментално далеку од војната, иако благодарение на нашите војници, вистинските непријателства се случуваат географски далеку од многуте“.

Русија ja обвини Украина за експлозијата со украинскиот дрон во рускиот град Киреeвск во која беа ранети три лица.

Портпаролката на НАТО ја критикуваше Русија за нејзината „опасна и неодговорна нуклеарна реторика“ откако рускиот претседател Владимир Путин рече дека Русија ќе стационира тактичко нуклеарно оружје во Белорусија.

Украина повика на вонреден состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации како одговор на најавата на рускиот претседател Владимир Путин за плановите за стационирање на тактичко нуклеарно оружје во Белорусија.

Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека потегот на Путин е „провокативен“ и ја поткопува меѓународната безбедност.

Русија може да запре каква било акција во Советот за безбедност како една од петте постојани членки со право на вето. Украина рече дека очекува „ефективни мерки“ од другите четири постојани членки - Велика Британија, Кина, Франција и Соединетите држави - велејќи дека тие земји „ја носат примарна одговорност за спречување на закани од агресија со употреба на нуклеарно оружје“.

Путин го најави распоредувањето на тактичкото нуклеарно оружје во саботата, велејќи дека тоа е оправдано поради зголемената воена поддршка на Западот за украинските сили, вклучително и одлуката на Британија минатата недела да испрати куршуми кои содржат осиромашен ураниум во Украина.

Путин рече дека руското позиционирање на тактичките нуклеарни боеви глави во Белорусија не се разликува од тоа што Соединетите држави го имаат во Белгија, Германија, Италија, Холандија и Турција.

САД соопштија дека ќе ги „следат импликациите“ од најавата на Путин. Портпаролката на Советот за национална безбедност Адриен Вотсон рече дека досега Вашингтон не видел „никакви индикации дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје“ во нападот врз Украина.

Некои материјали во овој извештај се од Асошиетед прес, агенцијата Франс прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG