Северна и Јужна Кореја во петокот имаа разговори на нивната граница во врска со спроведувањето на широкиот воен договор донесен минатиот месец со цел намалување на тензиите.
Пред средбата во Панмунџом, портпаролот на Јужна Кореја, Мајор Генерал Ким До-гуон, рече дека ќе се дискутира и за формирање на заеднички воен комитет, со цел да се одржи комуникацијата и да се избегнат кризи и инцидентни судири.
Планираниот комитет е еден од многуте меѓу-корејски обврски предвидени со воениот договор кој беше постигнат на маргините на самитот меѓу северно корејскиот лидер Ким Јонг Ун и јужно корејскиот претседател Мун Јае минатиот месец во Пјонгјанг. Мун воениот договор го опиша како значаен чекор за градење на доверба, со што треба да се намалат тензиите на границата и да се отвори поширок простор за поголеми преговори предводени од САД за денуклеаризација на Северот.
Facebook Forum