Светот денес низ фотографии
04 ноември 2022

5
За време на Форумот за слобода во Осло во Тајпеј, Тајван, се гледа ѕид на кој се прикажани портрети на различни диктатори.

6
Работник во заштитна опрема вози на улица додека се упатува да земе примероци од ковид-19 од жители кои биле под домашен карантин во Пекинг. Владејачката Комунистичка партија спроведува политика „Нулта ковид“ која ги затвори областите низ Кина со недели за да се обиде да го изолира секој случај.

7
Телевизиските екрани прикажуваат вести за најновото лансирање на севернокорејска ракета со снимки од севернокорејски ракетен тест, на електронскиот пазар во Сеул.

8
Манекенка држи розов дијамант од 18,18 карати наречен „Fortune Pink“ кој може да достигне цена од 30 милиони американски долари пред продажбата на аукцијата во Женева, Швајцарија.