Линкови за пристапност

Пруит на распит по наводите за неетичко однесување и незаконско трошење


Директорот на Агенцијата за заштита на животната средина сведочи во Конгресот

Директорот на Агенцијата за заштита на животната средина Скот Пруит, денеска е на распит во Конгресот по наводите за неетичко однесувања и незаконско трошење.

Пруит пред две поткомисии на Претставничкиот дом сведочи во врска со буџетот на Агенцијата, но се очекува законодавците да побараат одговори за трошоците поврзани со првокласни патувања, обезбедувањето и изнајмувањето стан во Вашингтон.

Од Канцеларијата за владина одговорност претходно месецов соопштија дека Агенцијата го прекршила законот кога по барање на Пруит одобрила набавка на кабина со звучна изолација вредна 43.000 долари.

Агенцијата ја бранеше набавката заради потребите Пруит да биде безбеден од јавните закани и да може да врши доверливи обврски.

Некои републикански членови на Конгресот им се приклучија на демократите во барањето за спроведување истрага за акциите на Пруит и за негово отпуштање.

Портпаролката на Белата куќа Сара Хакаби Сандерс, рече дека претставници на администрацијата на Трамп „ги оценуваат наводите и дека тие очекуваат директорот на Одделот за заштита на животната средина да одговори за нив“.

Пруит е еден од најконтроверзните назначувања на претседателот Доналд Трамп. Тој го прави она кое го вети кога беше назначен – да ги надгледува регулативите за заштита на животна средина на државата и да ги укине рестриктивните еколошки политики наметнати од страна на администрацијата на поранешниот претседател, Барак Обама.

Трамп во неколку наврати искажа доверба во Пруит. На почетокот на месецов рече дека Пруит „ја извршува функцијата фантастично“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG