Линкови за пристапност

Пораст од 30 отсто анти-семитски инциденти во САД


Ова е трет пат во изминатите пет години кога анти-семитските инциденти поставија рекордно високо ниво, објави АДЛ.
Ова е трет пат во изминатите пет години кога анти-семитските инциденти поставија рекордно високо ниво, објави АДЛ.

Пријавените инциденти на напади, вандализам и вознемирување насочени кон Евреите во САД се искачија на нови „историски нивоа“ минатата година, објави Лигата за борба против клеветата - (АДЛ).

Во својата годишна „Ревизија на антисемитски инциденти“, еврејската организација за граѓански права рече дека документирала 3.697 такви инциденти во 2022 година, што е за 36% повеќе од 2021 година и највисоко ниво откако групата почнала да води евиденција во 1979 година.

Ова беше трет пат во изминатите пет години за време на кои анти-семитските инциденти поставија рекордно високо ниво, објави АДЛ.

Драматичното зголемување, според АДЛ, е дел од петгодишното искачување во кое се удвојуваат анти-семитските инциденти од 2018 година, кога бел супремацист уби 11 верници во синагогата во Питсбург во најсмртоносниот напад врз американската еврејска заедница во историјата на САД.

Претседателот на АДЛ Џонатан Гринблат, рече дека иако ниту еден елемент не е одговорен за минатогодишниот наплив на антисемитизам, а голем број фактори кои придонесуваат, биле во игра.

Меѓу нив: зголемување на пропагандната активност на белата надмоќ, напади врз православните Евреи, скок на заканите за бомби упатени до еврејските институции и значително зголемување на анти-еврејските инциденти во училиштата, колеџите и кампусите.

XS
SM
MD
LG