Линкови за пристапност

За новата косовска влада, дијалогот со Србија нема да биде приоритет


Главната опозициска партија во Косово забележа голема победа на раните парламентарни избори во неделата.

Со речиси сите гласови преброени, Движењето за самоопределување доби 48 проценти од гласовите, додека Демократската партија на Косово и Демократската лига на Косово се на далечните второ и трето место со освоени околу 18 и 14 проценти.

Движењето за самоопределување речиси ги удвои освоените гласови во однос на изборите во 2019, но сепак недоволно да формира мнозинска влада за што се потребни 61 проценти.

Зборувајќи пред поддржувачите и медиумите во неделата навечер, со в.д. претседателот Вјоса Османи до себе, поранешниот премиер Албин Курти изборите ги нарече „голема победа“ за неговата партија.

Курти рече дека косовско-српскиот дијалог што го посакува западот нема да биде висок приориттет за неговата влада.

XS
SM
MD
LG