Линкови за пристапност

Една година по „Крвавиот четврток“


Една година по „Крвавиот четврток“
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:34 0:00

Една година по упадот и насилствата во Собранието сеуште се чека разврска на истрагата околу нарачателите и планерите на овој срамен чин, но и казни за извршителите. Пред една година, Македонија беше ставена на сериозен тест и на работа на безбедносна криза која можеше да има несогледливи последици.

Во 18 часот, непосредно по изборот на Талат Џафери за спикер, толпата граѓани но и маскирани и вооружени насилници упаднаа во Собранието откако неколку пратеници им ги отворија вратите.

Во прес центарот, пред очите на десетици новинарски екипи, насилниците но и граѓани кои со денови протестира по улиците на Скопје ги нападнаа лидерот на СДСМ и пратениците од неговата партија, новоизбраниот спикер и лидерот на Алијансата Зијадин Села. Присебноста на обезбедувањето но и на нападнатите беше клучна за да нема жртви.

Една година подоцна, Обвинителството и полицијата, не знаат кој е нарачателот и планерот на насилствата а она што е познато е дека имало група која била координирана за упад и насилство и граѓани кои биле понесени од толпата.

Истрагата стигна до обезбедувањето на Груевски, кој во тој момент е во Виена. Еден од неговите телохранители телефонски контактира со неговиот брат кој предводи група маскирани и вооружени лица во упадот. Но тука истрагата удира во ѕид бидејќи многу телефонски апарати преку кои се водела комуникацијата и координацијата се уништени или недостасуваат а осомничените и обвинетите молчат.

Истрагата за насилствата ја води Јавното Обвинителство, тогаш раководено од Марко Зврлевски кое постапува крајно инертно. Откако триесетина учесници се идентификувани против нив е поднесено обвинение за учество во толпа, дело кое нема допирна точка со настанот.

По неговата смена, клопчето полека почнува да се одмотува и да се лоцира вината. Први на удар се пратениците кои ги отвораат собраниските врати и поранешниот директор на Бирото за Јавна безбедност (БЈБ), Митко Чавков, кој ја блокира полициската акција во Собранието. Тие се уапсени во декември а потоа и притворени. Тоа ќе биде причина опозицијата да го напушти Парламентот и да не учествува во неговата работа.

Одговорноста за насилствата делумно е лоцирана, дел од учесниците се осудени за учество во толпа на релативно ниски казни а се води и судска постапка за обид за убиство на Зијадин Села кој беше брутално претепан.

Минатиот месец Обвинителството, поднесе обвинителен акт против триесетина лица за настаните од „Крвавиот четврток“. Меѓу нив има пратеници, полицајци и граѓани а тие се товарат за тероризам.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG