Демонстрантите против пучот во Мјанмар симболично палеа копии од уставот на земјата, во време кога сменетите пратеници најавија формирање нова цивилна власт, паралелно со управувањето од воената хунта.
Владата на бунтовниците, е сочинета од членови на отстранета Национална лига за демократија на лидерката Анг Сан Су Чи, кои беа избрани во ноември, но не им беше дозволено да ги преземат функциите откако армијата ја приведе Су Чи и ја презеде власта од цивилната влада на 1-ви февруари.
Тие најавија дека новиот федерален Устав ќе го замени оној изработен од Армијата во 2008-ма, со кого се врати демократијата во Мјанмар по пет децении, иако беше задржано влијанието од армијата врз било која цивилна власт.
Новиот устав од владата на демонстрантите е напишан во духот на долгогодишните барања на регионалните етнички групи на Мјанмар, коишто со децении се борат за поголема автономија.
Насилното згаснување од воената хунта врз про-демократските демонстранти продолжи деновиве со напади врз етничките бунтовници, кои што ги поддржуваат немирите.