Линкови за пристапност

Бајден во прва посета на Канада како претседател


Бајден во четврток заминa во еднодневна посета на главниот град на Канада, каде што ќе се сретне со премиерот Џастин Трудо и ќе се обрати во канадскиот Парламент.
Бајден во четврток заминa во еднодневна посета на главниот град на Канада, каде што ќе се сретне со премиерот Џастин Трудо и ќе се обрати во канадскиот Парламент.

Претседателот Џо Бајден има голем број критични прашања за разговори со својот канадски колега кога ќе ја оствари својата прва претседателска посета на Отава, соопшти Белата куќа.

Тие ги вклучуваат грижите за националната безбедност, климатските промени, трговијата, миграцијата, конфликтот во Украина и немирите на Хаити.

Бајден во четврток заминa во еднодневна посета на главниот град на Канада, каде што ќе се сретне со премиерот Џастин Трудо и ќе се обрати во канадскиот Парламент.

Бајден ќе разговара за „преземање конкретни чекори за зголемување на трошоците за одбрана, за глобалната трка до чиста енергија и градење просперитетни и инклузивни економии“, најави Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации во Националниот совет за безбедност.

Аналитичарите велат дека тежината на тие прашања ја нагласува важноста на блиските односи меѓу Вашингтон и Отава - двете нации ја делат најдолгата копнена граница во светот.

„Тоа е врска која често не го добива вниманието и почитта“, рече Ерл Ентони Вејн, соработник за јавна политика во Центарот Вудро Вилсон и поранешен амбасадор на САД во Авганистан, Аргентина и Мексико.

Бајден дури сега ќе ја посети Отава како претседател на САД, на повеќе од половина од неговиот мандат.

XS
SM
MD
LG