Линкови за пристапност

Кога стапнав на македонско тло се родив уште еднаш, вели евакуиран Македонец од Израел


„Тоа беше еднакво на војна, психата те убива“ - сведоштво на Македонец евакуиран од Израел
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:45 0:00

„Тоа беше еднакво на војна, психата те убива“ - сведоштво на Македонец евакуиран од Израел

„Психата те убива“. Вака Македонец евакуиран од Израел ја опишува сликата во конфликтната зона. До својот пат до дома, сведочел на три откажани летови и сместување во стан во кој имало скривница, блиндирани врати и прозорци.

Сашо Пендикоски од Охрид, веќе неколку години преку компанијата каде што работи, оди на привремена работа во Израел, односно во градот Бирзеит на Палестинска територија. По три неуспешни обиди за евакуација, откако почнаа воените дејствија, заедно со останатите негови колеги, вкупно 11, успеале да се вратат дома со авионот, организиран од македонската Влада. Тој, за Гласот на Америка на македонски, раскажува за предизвикот да се напушти Израел.

Самото чувство кога ќе счушнеш ракети и сирени, не е добро.
Сашо Пендикоски, Македонец евакуиран од Израел

„Ова ми е шести пат каде што одам таму. Градот се вика Бирзеит. Нашата фирма таму има претставништво. Но, последниот пат навистина беше тензично. Среќа што компанијата веднаш кога почнаа воените дејствија, организираше лет за побрзо да се вратиме назад. Исто така и македонската амбасада во Израел се залагаше за нас. Требаше да летаме во вторникот и се сместивме во Тел Авив, во мирен дел. Фирмата ни купи карти за да се вратиме назад, но летовите пропаднаа, односно се откажаа. Самото чувство кога ќе осетиш ракети, сирени не е добро. Ни рекоа дека кога ќе се слушнат сирени за една минута да одиме во скривници“.

Вели, секој стан и куќа имале сопствени скривници.

Најмалку по десет минути седевме во скривница.
Пендикоски

„Во секој стан, едната соба беше претворена во скривница, со блиндирани врати. На прозорите имаше блиндирани завеси. Најмалку по десет минути седевме во нив додека не се смиреше ситуацијата. Предност голема е што го имаат одбранбениот систем „Железна купола“, кој во воздух ги уништува ракетите. Не дозволува да паднат долу. Поради тоа бевме помирни. Не смеевме да излегуваме надвор. Излегувавме само по јадење. Она што го доживеавме беше еднакво на војна. Психата те убива“, изјави Пендикоски.

Тешко, вели, беше да им се објасни на фамилиите во Македонија дека сме на безбедно.

„Не можеш да им објасниш дека си на безбедно. На секои пет минути не бараа како е што е, дали е мирно. Морав да им доловам со слика некако за да ја смирам ситуацијата“, вели Пендикоски.

Голем е бројот на Македонци, кои работеле во Израел. Предизвикот за работа тами, вели, е финансиски.

„Платите се меѓу 3 000 и 3 500 евра. Секој бара подобра егзистенција“.

Ако ситуацијата се смири Сашо повторно би се вратил во Израел

Си велев само да полета авионот.
Пендикоски

„Но, мислам дека тоа е тешко. Кога стапнав на македонско тло, како да се родив уште еднаш, бидејки не знаеш што може да се случи. Јас до последниот момент си велев само да полета авионот, десет минути да бидеме во воздух. Последниот воз го фативме да си заминиме од Израел“.

Вели дека извлекувањето од градот каде што живееле, до Тел Авив се одвивало организирано и со специјални пропусници.

XS
SM
MD
LG