Линкови за пристапност

МНР со предупредување – да не се патува во Либан


Bujar Osmani chief of diplomacy two years brief 1
Bujar Osmani chief of diplomacy two years brief 1

Поради влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, по судирите меѓу Израел и Хамас, и потенцијалната опасност за ескалација на ситуацијата во тој регион, Министертсвото за внатрешни работи ги предупредува македонските граѓани да избегнуваат патувања за Либан. Шефот на дипломатијата денеска најави можност и официјално да се повикаат македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Либан, што е можно побрзо да ја напуштат оваа земја. Во меѓувреме, како што рече Османи, продолжуваат напорите за извлекување на брачниот пар од појасот Газа, откако минатата седмица заврши евакуацијата на стотина македонски граѓани од Израел.

МНР со повик да се избегнува Либан
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:41 0:00

„Можеби денеска ќе пуштиме соопштение да ги повикаме нашите граѓани кои се во Либан да ја напуштат државата поради непредвидливата ситуација таму, а особено треба да бидат внимателни поради фактот што со Либан немаме ниту дипломатски односи, ниту амбасада и би било многу тешко потоа да ги згрижиме во услови состојбата да се влоши. Затоа, сакаме да испратиме повик однапред до сите наши граѓани кои се во Либан или планираат да патуваат во Либан, тоа патување да го одложат, односн оние кои се таму да го напуштата Либан“, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

XS
SM
MD
LG