Линкови за пристапност

Загина новинар на Ројтерс во Либан


Новинар на Ројтерс беше убиен денес додека известуваше од јужен Либан, а неколку други беа повредени, меѓу кои и двајца од истата новинска агенција.

„Голема беше тагата кога дознавме дека нашиот видеограф Исам Абдалах е убиен“, изјави портпаролот на Ројтерс за Гласот на Америка.

Абдалах беше дел од тимот на Ројтерс во јужен Либан, кој известуваше во живо во моментот на нападот, рече портпаролот.

Видеото во меѓувреме е отстрането.

„Итно бараме повеќе информации, работиме со властите во регионот и го поддржуваме семејството и колегите на Исам. Нашите мисли се со неговото семејство во овој ужасен момент“, рече портпаролот во изјавата.

Новинарите на Ројтерс, Таер Ал-Судани и Махер Назех, исто така, се повредени, додаде портпаролот.

Телевизијата Ал Џезира соопшти дека двајца нејзини новинари, Кармен Џохадар и Ели Брахија, биле истовремено повредени. Агенцијата Франс прес, исто така, објави дека двајца од нејзиниот тим се повредени.

АФП исто така има повредени новинарка Кристина Аси како и видео-новинарот Дилан Колинс.

Израелската војска изврши напади на границата со Либан како одговор на ракетните и милитантните напади.

Се верува дека новинарите на Ројтерс биле погодени од еден таков напад, според агенцијата Франс прес и Ал Џезира. Гласот на Америка не можеше веднаш да потврди дали е тоа така.

XS
SM
MD
LG