Жените во Европската Унија се платени за 13 отсто помалку од мажите, кои во просек ја вршат истата работа, и покрај тоа што еднаквите плати се дел од правото на ЕУ, соопшти во вторникот Европската комисија (ЕК).
„Еднаква плата за иста работа или работа со еднаква вредност е еден од основните принципи на ЕУ. Тоа беше утврдено во Римскиот договор во 1957 година“, се вели во соопштението на ЕК.
„Сепак, напредокот во елиминацијата на родовиот јаз во платите стагнира оваа година и е бавен со текот на годините“, се вели во извештајот.
За да помогне во решавањето на проблемот, ЕК издаде директива за транспарентност на платите, која стапи на сила на почетокот на јуни.
Директивата, закон на ЕУ, поставува рамка за тоа како да се примени идејата за „работа со еднаква вредност“ и споредбени критериуми кои вклучуваат вештини, напор, одговорност и работни услови.
Директивата има за цел да им помогне на работниците да ја идентификуваат дискриминацијата во платите и да ја оспорат.
Но, таа допрва треба да биде вклучена во националното законодавство од 27-те земји на ЕУ, кои имаат три години да го направат тоа.