Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека разговарал за формулата за мир на Украина со папата Фрањо во четвртокот.
„Разговаравме за нашата заедничка работа за да ја спроведеме формулата за мир на Украина“, рече Зеленски во објава на X, поранешен Твитер.
„Над 80 земји веќе се вклучени во овој процес на ниво на нивни претставници. И ќе ги има повеќе“, додаде тој.
Во божиќната порака на папата, тој повика на прекин на војната во Украина, меѓу другите конфликти.
Русија во петокот изврши бран ракетни напади врз неколку украински градови, при што загинаа најмалку 18 лица, а беа повредени над 180 други, соопштија украинските власти.
Властите велат дека бројот на загинати најверојатно ќе се зголеми.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави на X, порано познат како Твитер: „Денес Русија го користеше речиси секој вид оружје во својот арсенал: „Кинџалс“, С-300, крстосувачки ракети и беспилотни летала. ... Вкупно околу 110 проектили беа истрелани против Украина, при што повеќето од нив беа соборени“.
Зеленски рече дека една породилна болница била меѓу целите на рускиот удар.
Други цели вклучувале „образовни објекти, трговски центар, повеќекатни станбени згради и приватни домови, комерцијален склад и паркинг“.
Дел од информациите во овој текст се од АП, агенцијата Франс-прес и Ројтерс