Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја истакна важноста на борбата за Бахмут, изјавувајќи за Асошиетед прес дека украинскиот пораз таму ќе донесе притисок од меѓународната заедница да се направи компромис со Русија.
Зеленски рече дека Украина нема да се вклучи во мировни преговори со Русија додека руските сили не се повлечат од целата територија на Украина. Откако ја започна својата целосна инвазија минатата година, Русија тврди дека анектирала четири области во Украина, потег што Генералното собрание на ОН убедливо го осуди како незаконски.
Западните сојузници го минимизираа значењето на Бахмут, велејќи дека украинската загуба таму нема да има големи импликации врз целокупниот конфликт.
Но, Зеленски изјави за Асошиетед прес дека секој дел од борбата е важен.
Зеленски вчера посети неколку делови на фронтот, вклучувајќи го и регионот Суми на североистокот на Украина.
„Регионот е до непријателот. Заканата е постојана. Гранатирањето на нашата граница е постојано. Но, животот, нашите луѓе се очигледно посилни од какви било стравови“, рече Зеленски во своето редовно ноќно видео обраќање.
Некои материјали во овој извештај се од Асошиетед прес, агенцијата Франс прес и Ројтерс.