Високи израелски функционери ја презедоа одговорноста за нападот на Хамас. Меѓу нив, министерот за одбрана, шефот на безбедносните служби Шин Бет и поранешниот началник на Генералштабот Бени Ганц, кој не беше ни член на владата на 7 октомври.
Но, еден глас беше видно тивок - гласот на премиерот со најдолг стаж во Израел, Бенјамин Нетанјаху.
Your browser doesn’t support HTML5
„Однесувањето на Нетанјаху во однос на преземањето одговорност од настаните на 7 октомври е трагедија - трагедија секако за Израел, но пред сè за него. Лидерите се тестираат во такви моменти“, вели Амотз Асел од Институтот „Хартман“.
Во еден момент, Нетанјаху отиде уште подалеку, преку твит упатувајќи дека неговите шефови за безбедност го увериле дека Израел го одвратил Хамас и дека нема да има никаков напад.
Се чинеше дека коментарот ја префрли вината на израелските безбедносни сили што не го предупредиле.
Тој направи многу работи и имаше добар удел во успеси и неуспеси. Сето тоа ќе биде засенето, од она што се случи на 7 октомври.Амотз Асел, Институт „Хартман“.
Неколку часа подоцна тој го избриша твитот по јавните негодувања и се извини во друг твит.
Една неодамнешна анкета покажа дека 80 отсто од Израелците веруваат дека премиерот треба да ја преземе одговорноста за она што се случило. Анкетата на израелскиот весник Маарив, исто така, покажа дека само 28 отсто го поддржуваат Нетанјаху како премиер, наспроти 48 отсто за лидерот на Партијата за национално единство, Бени Ганц.
„Ова порано или подоцна ќе ја заврши неговата кариера. Со други зборови, тој е со нас како национален лидер нешто повеќе од четвртина век, со други зборови откако го наследи Јицак Шамир како лидер на Ликуд. И тој направи многу работи и имаше добар удел во успеси и неуспеси. Сето тоа ќе биде засенето, од она што се случи на 7 октомври 2023-та“, додава Асел.
Но, самиот Нетанјаху вели дека нема намера да поднесе оставка.
Тој е единствениот израелски премиер кој успеал да остане на функцијата и покрај тоа што му се суди за неколку случаи на корупција.
„Единственото нешто што имам намера да уништам е Хамас. Ќе ги предадеме на ѓубриштето на историјата. Тоа е мојата цел, тоа е моја одговорност, кон тоа ја водам земјата“, изјави Нетанјаху.
Многу лојалисти на Нетанјаху од неговата партија Ликуд велат дека тој ќе ја преброди и оваа бура.
„Кога имате јавна функција, знаете дека ќе добиете критики. Тоа е сосема очигледно во секојдневниот живот. Можете да замислите после ваква огромна, невидена катастрофа, критиката е сосема разбирлива. Сега има војна што треба да се справи, а особено има војна за победа. И затоа, мислам дека на премиерот ќе му се суди на крајот на војната“, објаснува Боаз Бисмут, пратеник од Ликуд.
Израелските власти велат дека победата во војната во Газа може да потрае со месеци. Дотогаш, јавното мислење против Нетанјаху можеби ќе се смени.