Започнува Охридско лето - 2024

Your browser doesn’t support HTML5

64-тото издание на Охридско лето ќе биде отворено со палење на фестивалскиот оган и настапот на светскиот виртуоз на виолина од Литванија, Џулијан Рахлин. Тој ќе настапи со оркестарот на Македонската филхармонија, кои годинава одбележуваат осум децении од своето постоење. Автор: Мики Трајковски

Се прават последните подготовки на Античкиот театар, со кое ќе биде отворено уште едно издание на најпрестижната културна манифестација во С.Македонија, фестивалот Охридско лето. 64-тото издание ќе биде отворено со палење на фестивалскиот оган и настапот на светскиот виртуоз на виолина од Литванија, Џулијан Рахлин. Тој ќе настапи заедно со оркестарот на Македонската филхармонија, кои годинава одбележуваат осум децении од своето постоење. Повеќе од 3.000 посетители се очекува да го проследат настапот на Рахлин. Тој покрај виолината ќе настапи и како диригент. Директорката Наташа Поповиќ вели дека фестивалот и овој пат ќе понуди богата програма.

„Можеби би го издвоила 19-ти јули со најпознатиот британски пијанист Гери Даглас, кој ќе настапи со свој целовечерен концерт во црквата Св.Софија. На 26-ти јули на Античкиот театар, 50 години слави нашиот безвременски гитарист Влатко Стефановски. Американската вечер ќе биде на 27-ми јули во предворјето на црквата Св.Софија со премиерата на претставата крал Лир од Вилијам Шекспир на Лит Мун Ворлд театарот од Санта Барбара, Калифорнија“, вели Наташа Поповиќ, директорка на Охридско лето.