„Она што ме поттикна на идејата за домашно пиво на пазарот беше што се запознав за историјата на пивото и алкохолот на Блискиот Исток и сфатив дека многу луѓе не знаат дека некогаш постоела врска меѓу двете нешта. За мене беше важно да го истакнам тоа и да покажам дека имаме многу богата историја која не сакаме да биде избришана од нашата земја. Значи, мојот прв пијалак беше персиско сино. Се подготвува со сина сол што доаѓа директно од Иран. Тоа е сеќавање кон моето семејство кое ставаше сол во пивото, пред да го пијат“, вели за Глас на Америка Захра Табатабаи која произведува пиво.
Захра Табатабаи произведува пиво преку кое ја претставува историјата на Блискиот Исток
Your browser doesn’t support HTML5
Инспирирана од рецептите на нејзиниот дедо и вкусовите на Иран, Захра Табатабаи произведува пиво што ја истакнува богатата историја на ферментација на Блискиот Исток. Нејзино заштитено пиво е синото персиско.
Арон Федор беше во Бруклин, Њујорк.